ЕУ ќе ги заменува хартиените формулари за ослободување од ДДВ со електронски
- Советот за економски и финансиски работи на ЕУ денеска усвои нови правила кои имаат за цел целосна замена на сегашните хартиени сертификати за ослободувања од данокот на додадена вредност (ДДВ) со нов електронски формулар.

Брисел, 18 февруари 2025 (МИА) - Советот за економски и финансиски работи на ЕУ денеска усвои нови правила кои имаат за цел целосна замена на сегашните хартиени сертификати за ослободувања од данокот на додадена вредност (ДДВ) со нов електронски формулар.
- Денеска правиме уште еден чекор кон поедноставување и дигитализирање на нашите системи за ДДВ. Сертификатот во својата нова форма значително ќе ја намали бирократијата, изјави полски министер за финансии Анджеј Домањски, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.
Замената на хартиените сертификати со електронски формулар треба да ја поедностави и рационализира процедурата за компаниите и администрациите.
Новите мерки ќе стапат во сила на 1 јули 2031 година, со дополнителен преоден период од една година во кој ќе можат да користат и електронски и хартиени формулари. сп/
Фото: МИА Архива