• петок, 27 декември 2024

ЕУ ја поздрави одлуката на Бајден да ги врати САД во Парискиот договор

ЕУ ја поздрави одлуката на Бајден да ги врати САД во Парискиот договор
Брисел, 21 јануари 2021 (МИА) - ЕУ ја поздрави одлуката на новоименуваниот претседател Џозеф Бајден да ги врати Соединетите Американски Држави во Парискиот договор и веќе денеска ги најави првите контакти со американската администрација за заедничка борба за заштита на климата. „Се радуваме на враќањето на САД на наша страна во водењето на глобалните напори за борба против климатската криза. Климатската криза е главниот предизвик на нашето време и може да се реши само со комбинација на сите наши сили“, порачаа во заедничката изјава високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел и потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс. Европската комисија најави дека Тимерманс денеска телефонски ќе разговара со американскиот специјален претседателски пратеник за климата, џон Кери, за подготовката на климатскиот самит во Глазгов во ноември 2021 година. паг/  

Остани поврзан