• сабота, 23 ноември 2024

ЕУ ја повикува Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот

ЕУ ја повикува Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот
Брисел, 16 август 2020 (МИА) -  Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ја повика денеска Анкара „веднаш“ да ги прекине своите истражувања за наоѓалишта на природен гас во Медитеранот, откако Турција објави за проширување на своите активности. Соопштението на Анкара „за жал ги зголемува тензиите и несигурноста“, нагласува Борел во изјавата. „Поради тензиите во источниот Медитеран, објавата ги поткопува напорите за продолжување на дијалогот и преговорите и е спротивна на смирување на ситуацијата, што е единствениот пат до стабилност и трајни решенија“, како што повторија министрите за надворешни работи на ЕУ во петокот на виртуелната средба. Борел ги повикува турските власти веднаш да престанат со активности и со добра волја и целосно да се вклучат во широк дијалог со ЕУ. Турција денеска соопшти дека ќе ги продолжи пребарувањата за наоѓалишта за гас во спорната зона во источниот Медитеран. зш/

Остани поврзан