ЕУ: Регистрирањето на кандидатите за изборите во Косово мора да се заснова на важечкиот закон, а на не политички одлуки
- Додека Косово и неговите граѓани уживаат живописна демократија, несертификацијата на политичка партија поради политички ставови, а не поради правни процедури, би било сериозно назадување, се додава во соопштението.
Брисел, 31 декември 2024 (МИА) - Сите кандидати кои ги исполнуваат условите треба да имаат можност да учествуваат на слободни и фер избори и процесот на нивна сертификација мора да се заснова на правни стандарди и процедури во согласност со важечкиот закон на Косово, наместо на политички одлуки, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи.
- Очекуваме Централната изборна комисија (ЦИК), чија улога во надзорот на изборите е клучна, со сите применливи механизми да обезбеди инклузивен, кредибилен и транспарентен изборен процес, овозможувајќи им на косовските гласачи јасно да го изразат својот избор. Одговорноста за заштита на демократските гаранции е на сите членови на ЦИК и покрај нивната политичка определба. Ваквото фундаментално прашање не смее да се политизира и да се користи како ставка во изборната кампања, посочува ЕЕАС во реакцијата,
ЕУ нагласува дека изборниот процес треба да биде транспарентен, кредибилен и без политичко мешање.
Службата потсетува дека ЕУ и нејзините земји членки во заклучоците од Самитот на 17 декември го истакнаа „позитивниот развој на Косово во однос на изборната рамка, врз основа на препораките на ЕУ, пред изборите на 9 февруари“.
- Додека Косово и неговите граѓани уживаат живописна демократија, несертификацијата на политичка партија поради политички ставови, а не поради правни процедури, би било сериозно назадување, се додава во соопштението.
Косовската Централна изборна комисија претходно одби да ја регистрира партијата Српска листа за учество на претстојните избори во Косово. сп/
Фото: МИА Архива