• среда, 25 декември 2024

ЕУ привремено ги укинува даноците на увоз на медицинска опрема

ЕУ привремено ги укинува даноците на увоз на медицинска опрема
Брисел, 3 април 2020 (МИА) - ЕУ привремено ги укина даноците за увоз на одредена медицинска опрема од земји кои не се членки на ЕУ, со цел што подобро и полесно снабдување на европските болници во борбата против Ковид-19. Одлуката ќе се однесува на заштитна опрема, како и на респиратори и тестови, и ќе биде во сила најмалку четири месеци. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на примерот на Италија, објаснува дека мерката може да ја намали цената на увезените заштитни маски од Кина и до 30 проценти, односно да го укине данокот на додадена вредност од 20 проценти што сега се наплатува за увозни респиратори. јт/  

Остани поврзан