• среда, 27 ноември 2024

ЕУ преку суд бара Астра Зенека да испорача вакцини до крајот на јуни

ЕУ преку суд бара Астра Зенека да испорача вакцини до крајот на јуни
Брисел, 26 мај 2021 (МИА) - Европска Унија денеска ја обвини Aстра Зенека на суд дека не се ни обидела да го исполни договорот за испорака на вакцини против Ковид-19 и оти не предупредила на време за големи прекини во испораките. ЕУ поднесе тужба против Астра Зенека во април, откако компанијата објави дека ќе се обиде да испорача само 100 милиони дози од својата вакцина до крајот на јуни, наместо 300 милиони предвидени со договорот за набавка. ЕУ бара испорака на најмалку 120 милиони вакцини до крајот на јуни. Компанијата тврди дека договорот не е целосно обврзувачки и дека договорот предвидува само да ги вложи најдобрите можни напори за доставување на потребните вакцини до Унијата. Адвокатот на ЕУ, Рафаел Џаферали, на првото рочиште пред судот во Брисел денеска нагласи дека принципот не се почитува затоа што компанијата не и доставила на Унијата 50 милиони дози произведени во фабриките наведени во договорот како добавувачи во ЕУ, вклучувајќи 39 милиони дози произведени во Велика Британија. Астра Зенека го оправда недостатокот на резерви од Велика Британија наведувајќи клаузули од договорите со Лондон, кои спречуваат извоз на вакцината развиена во соработка со Универзитетот во Оксфорд. ми/  

Остани поврзан