• вторник, 24 декември 2024

ЕУ повика некои од своите дипломати во Украина да ја напуштат земјата

ЕУ повика некои од своите дипломати во Украина да ја напуштат земјата
Брисел, 11 февруари 2022 (МИА) – Европската унија ги информираше вработените во својата дипломатска мисија во Украина, кои не се од суштинско значење, да ја напуштат земјата, но не издаде наредба за евакуација. Одлуката на ЕУ доаѓа откако САД и Велика Британија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина и откако Белата куќа предупреди дека верува дека руските сили се во состојба да извршат инвазија во наредните неколку дена. - Продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата во текот на нејзиниот развој во согласност со должноста за грижа што ја имаме за нашите вработени и во тесна консултација и координација со земјите-членки на ЕУ, изјави портпаролот Питер Стано и додаде: „Ова не е евакуација. Засега, несуштинскиот персонал доби можност да работи од далечина надвор од земјата. Европската унија има делегација во Киев од 1993 година за да ги промовира врските меѓу ЕУ и Украина. Актуелен амбасадор на ЕУ е естонскиот дипломат Мати Масикас. јт/

Остани поврзан