• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ започнува преговори за безвизен режим со Ерменија

ЕУ започнува преговори за безвизен режим со Ерменија

Брисел, 10 септември 2024 (МИА) - Европската комисија соопшти дека започнува преговори со Ерменија за воведување на безвизен режим, кој ќе овозможи граѓаните на Ерменија да патуваат во ЕУ без виза до 90 дена, објави Еврокомисијата.

Преговорите доаѓаат по напредокот во билатералните односи, започнати во 2017 година, со Спогодбата за севкупно партнерство и соработка. Ќе се вршат промени во документите на ерменските граѓани и подобрувања во управувањето со границите и миграцијата.

ЕУ воведе поедноставен визен режим за Ерменија во 2014 година, но безвизното патување нема да биде автоматско, се вели во соопштението на Комисијата. Преговорите ќе продолжат сè додека не се исполнат сите критериуми, а конечната одлука ќе биде на Советот на ЕУ. ссм/

фото: архива

Остани поврзан