ЕУ го повика Татар на решавање на кипарскиот проблем
- Европска Унија побара од новоизбраниот лидер на кипарските Турци, Ерсин Татар конструктивен ангажман со цел да се постигне сеопфатно решение и повторно обединување на Кипар
Брисел, 20 октомври 2020 (МИА) - Европска Унија побара од новоизбраниот лидер на кипарските Турци, Ерсин Татар конструктивен ангажман со цел да се постигне сеопфатно решение и повторно обединување на Кипар.
Во заедничкото соопштение на шефот на дипломатијата Жозеп Борел и на комесарката за кохезија и реформи Елиза Фереира, се истакнува дека ЕУ поддржува обновување на преговорите под покровителство на Обединети нации и оти останува посветена на сеопфатно решение на кипарскиот проблем и повторното обединување врз основа на две зони, на дводомна федерација.
- Решението на кипарскиот проблем би бил во корист на Кипар и на ЕУ во целост, се истакнува во соопштението.
ЕУ изразува подготвеност да преземе активна улога во продолжувањето на кипарските преговори, бидејќи стабилно и безбедно опкружување во источениот дел на Медитеранот,како и развивање на коперативните односи во регионот се стратешки интерес на Унијата.
Кипар е поделен од 1974 година по турската воена интервенција, како одговор на грчкиот државен удар на југот. Последните мировни разговори со посредство на Обединетите нации пропаднаа во 2017 година и оттогаш нема никаков напредок во разговорите. ми/