• понеделник, 23 декември 2024

Етиопјанецот Тола олимписки првак во маратон, Ивановски на 69. место

Етиопјанецот Тола олимписки првак во маратон, Ивановски на 69. место

 

Париз, 10 август 2024 (МИА) – Атлетичарот од Етипоија, Тамират Тола, го освои претпладнево златниот медал во машкиот маратон на Олимписките игри во Париз, додека македонскиот маратонец Дарио Ивановски ја заврши трката на 69. место.

Тола го освои златниот олимписки медал со време на нов олимписки рекорд од 2:06:26 часа, минувајќи прв низ целта пред Башир Абди од Белгија, кој заостана 21 секунда и Кениецот Бенсон Кипруто, кој имаше заостанување од 34 секунди.

Ивановски, кој е првиот македонски маратонец во олимписката историја, ја мина целта со време од 2:28:15, заостанувајќи 21:49 минути зад Тола.

Ивановски беше последниот македонски претставник кој настапи на Олимписките игри во Париз. Пред него својот олимписки настап го завршија Милјана Рељиќ во теаквондо, борачот Владимир Егоров, џудистот Еди Шерифовски, стрелачката Анастасија Мојсовска и пливачот Никола Ѓуретановиќ. ег ФОТО: АФМ

Остани поврзан