• четврток, 07 ноември 2024

Естонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026

Естонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација денес ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Естонија. Селекторот Кирил Лазаров ја прифаќа фаворитската улога. 

-Пред нас се натпревари со Естонија и со Литванија. Не бегаме од фаворитската улога, но исто така и ги респектираме противниците. Секој нов почеток е тежок, па затоа и овие квалификации мораме да ги почнеме со максимално залагање, истакна Лазаров.

Натпреварот со Естонија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 20 часот. 

Другиот натпревар од 1.коло во Групата – 1 ќе се игра утре, Словенија ќе ја пречека Литванија. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан