• среда, 21 август 2024

ЕСПН: Лука Дончиќ главниот кандидат за МВП сезоната 2024/25

ЕСПН: Лука Дончиќ главниот кандидат за МВП сезоната 2024/25

Вашингтон, 21 август 2024 (МИА) – Американскиот спортски тв канал „ESPN“ ги именува Топ 10 кандидати за МВП наградата  претстојната регуларна сезона во НБА.

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се најде на врвот на листата со 48 отсто од гласовите. На второто место е актуелниот МВП центарот на Денвер, Никола Јокиќ со 10 отсто, а членот на Оклахома, Шеј Гилџус-Александер на третото место.

Номинирани за наградата МВП од страна на „ESPN“ за сезона 2024/25 во НБА-лигата.

1. Лука Дончиќ – 61 поен (48% од гласовите за прво место)
2. Никола Јокиќ – 40 поени (10%)
3. Шеј Гилџус-Александер – 37 поени (24%)
4. Ентони Едвардс – 15 поени (5%)
5. Јанис Адетокунбо – 13 поени (5%)
6. Џоел Ембид – 8 поени (5%)
7. Џејсон Тејтум – 5 поени (5%)
8. Ентони Дејвис – 3 поени
9. Џа Морант – 2 поени
10. Кевин Дурант – 1 поен. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан