• вторник, 26 ноември 2024

ЕСМ: Фотонапонската електрана „Осломеј“ има енергетска, но и еколошка вредност

ЕСМ: Фотонапонската електрана „Осломеј“ има енергетска, но и еколошка вредност
Скопје, 9 април 2022 (МИА) - Панелите поставени врз стариот рудник за јаглен во Осломеј ќе произведуваат „зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност, информираат од Електрани на Северна Македонија. Од таму додаваат дека фотонапонската електрана на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК Осломеј во Кичево истовремено е и рекултивација на земјиштето на кое во минатото се ископувал јаглен. Од тие причини, проектот Фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската и подалечната околина на РЕК Осломеј. Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ, е наведено во соопштението. свс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан