• среда, 27 ноември 2024

Ескобар: Скопје и Тирана се добри партнери и многу ни помогнаа за бегалците од Авганистан

Ескобар: Скопје и Тирана се добри партнери и многу ни помогнаа за бегалците од Авганистан
Скопје, 14 октомври 2021 (МИА) - Еден од бенефитите којшто ние го имаме, којшто веднаш го видовме од проширувањето на НАТО е дека Албанија и Северна Македонија беа од огромна помош помагајќи ни со евакуацијата на бегалците коишто се повлекуваа од Авганистан. Од таа гледна точка веднаш ги видовме придобивките од проширувањето на НАТО и сме им благодарни на овие земји. И Косово помогна многу, тие не се земја членка на НАТО, но тоа се тие бенефити што ги добиваме од земјите членки на НАТО од Западен Балкан. Ова го истакна американскиот заменик помошник секретар за европски и евроазиски работи, Габриел Ескобар, во видео разговор со регионалниот директор на „Економист“ за Европа Џоан Хоеј, во рамки на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје. Потврди дека САД и ЕУ се партнери во однос на политиката кон Западен Балкан. -Точно е дека се гледаме себеси во Западен Балкан како партнери со ЕУ. Всушност се позитивно што се случи на Балканот почнувајќи од Дејтон до минатиот месец кога дијалогот воден од ЕУ успешно го разреши спорот со регистарските таблички помеѓу Србија и Косово сето ова беше спроведено во партнерство и координација помеѓу САД и Европа. И продолжуваме во таа  насока. Целосно ги поддржуваме европските напори за разрешување на ова прашање помеѓу Србија и Косово и прашањето на интегрирање на Албанија и Северна Македонија и одржување на Црна Гора на европската патека и сите напорите Босна и Херцеговина да стане уште пофункционална држава административно.  На сето ова гледаме како партнери, рече Ескобар. вг/аа/

Остани поврзан