• понеделник, 16 декември 2024

Есенската сеидба во Пелагонија во завршна фаза

Есенската сеидба во Пелагонија во завршна фаза

Битола, 11 декември 2024 (МИА) - Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во последна фаза и до крајот на оваа седмица планираните 16.000 хектари со житни култури целосно ќе бидат засеани.

Поволните временски услови овозможија брза и ефикасна сеидба, а од голема корист ќе биде и мала снежна покривка за заштита на засејаните површини, изјави за МИА, Стојан Христовски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола.

-На земјоделските површини кои се наоѓаат во општините Битола, Могила и Новаци, есенската сеидба е завршена со 96 насто од планираното, а тоа значи дека до крајот на оваа седмица есенската сеидба со житни култури ќе заврши. Тоа се однесува на пченицата која во моментов од  планираните 16.000 хектари, засејана е на површина од 15.500 хектари. Инаку, во целост е завршена сеидбата на јачменот кој годинава е засејан на површина од 3.300 хектари, додека р”ж има на 60 хектари, истакна Христовски.

Денеска целосно заврши сеидбата и на фуражните култури кои се користат за сточна храна, нагласи Христовски.

-Во битолскиот дел на Пелагонија, со тритикале засејани се 700 хектари, а на 50 хектари застапена се и фуражни култури што се користат како сточна храна за домашните животни. Временската состојба засега годи, но добро би било наскоро да падне снег со чија снежна покривка есенските посеви ќе бидат заштитени, истакна Стојан Христовски, раководител на ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола. мт/цр

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан