• среда, 25 декември 2024

Ер Франс воведува мерење температура на патниците и носење маски

Ер Франс воведува мерење температура на патниците и носење маски
Париз, 9 мај 2020 (МИА) - Француската авиокомпанија „Ер Франс“ од понеделник ќе ја мери температурата на патниците и ќе бара од нив да носат заштитни маски за време на летот. Како што се наведува во соопштението на авиокомпанијата, луѓето со температура повисока од 38 степени Целзиусови нема да можат да се качат во авионот. Според „Ер Франс“, нивната резервација ќе биде променета за подоцнежен лет, без дополнителни трошоци, пренесува Би-Би-Си. паг/

Остани поврзан