Ерусалим пост: Иран постигна нов успех во развојот на противвоздушна одбрана
- Иран соопшти дека постигнал нов успех во развојот на мрежите за противвоздушна одбрана, пишува „Ерусалим пост“, додавајќи дека тоа е претставено на последните маневри.
Техеран, 14 октомври 2021 (МИА) - Иран соопшти дека постигнал нов успех во развојот на мрежите за противвоздушна одбрана, пишува „Ерусалим пост“, додавајќи дека тоа е претставено на последните маневри.
Вежбата, која неодамна се одржа, беше наречена „Бранители на небото Велајат 1400“. За време на маневрот, системот бил соочен со разни закани и наводно ги пресретнал сите.„Поради различните карактеристики на овој систем во однос на другите системи за противракетна одбрана во земјата, официјалните информации за новиот систем се уште не се објавени“, се истакнува во извештаите на иранските медиуми.
„Таснум Њус“ наведува дека системот има четири резервоари за лансирање и може да носи осум до 12 проектили. На тој начин е сличен со израелската Железна купола, но може да се спореди и со јужноафриканскиот систем Умхонто и неговата варијанта што се монтира на камиони.
Иран во минатото се обидуваше да копира јужноафрикански беспилотни летала. „Секоја единица на системот постигнува висока мобилност и висока стабилност во борбени услови, со релативна независност од другите возила што се превезуваат со радар“, пишува „Тасним“.
„Ерусалим пост“ додава дека системот има радарска покриеност од 360 степени и дека проектилите се испукани вертикално, што значи дека тие можат да нападнат повеќе цели во исто време. паг/