Ермосо: Чест е да ме поврзуваат со Реал Мадрид
- Дефанзивецот на Рома, Марио Ермосо е подготвен да се врати во Шпанија, доколку Реал Мадрид покаже интерес за него.

Рим, 15 ноември 2024 (МИА) - Дефанзивецот на Рома, Марио Ермосо е подготвен да се врати во Шпанија, доколку Реал Мадрид покаже интерес за него.
-Читав за тоа. Многу пријатели ми испратија информации. Чест е кога те поврзуваат со големи клубови. Бев во академијата на Реал Мадрид и им благодарам за се што направија за мојот развој, изјави Ермосо, цитиран од италијанските медиуми.
Ермосо се пресели од Атлетико во италијанска Рома во летото 2024 година. Актуелниот договор со клубот е до јуни 2027 година. Претходно беше објавено дека Реал би можел да потпише со Ермосо во јануари поради повреди на клучните дефанзивци како Дани Карвахал и Едер Милитао. дс
Фото: Принтскрин