• сабота, 23 ноември 2024

Ерменија и Аџербејџан се согласија да се воздржат од насилно решавање на спорот околу Нагорно-Карабах

Ерменија и Аџербејџан се согласија да се воздржат од насилно решавање на спорот околу Нагорно-Карабах
Сочи, 31 октомври 2022 (МИА) - Ерменија и Азербејџан постигнаа договор да се воздржат од употреба на сила за решавање на меѓусебниот спор околу територијата Нагорно-Карабах, се истакнува во заедничката изјава по разговорите на двете страни одржани во Сочи со посредство на Русија.
Баку и Ереван, исто така, се согласија „да ги решат сите спорови исклучиво врз основа на признавањето на взаемниот суверенитет и територијален интегритет“, се вели во заедничката декларација усвоена по завршувањето на Самитот инициран од рускиот претседател Владимир Путин.
Иницијативата доаѓа еден месец по најжестоките судири меѓу Ерменија и Азербејџан од воениот конфликт во 2020 година.
Шестнеделната војна есента во 2020 година во која беа убиени повеќе од 6.500 војници од двете држави, беше окончана со договор издејствуван со посредство на Русија, според кој Ереван отстапи делови од територијата што ја контролираше неколку децении.
Минатиот месец 286 лица од двете поранешни советски републики беа убиени во судирите што дополнително го усложнија забавениот, речиси целосно стопираниот мировен процес.
Судирите завршија со дипломатска интервенција на САД, по неколкуте неуспешни обиди на Москва да издејствува примирје. аб/

Остани поврзан