Ериксен: Секогаш навивам за Тотенхем, но не во ова финале
- Искусниот дански репрезентативец Кристијан Ериксен има мешани чувства пред финалето на Лигата на Европа.

Билбао, 21 мај 2025 (МИА) - Искусниот дански репрезентативец Кристијан Ериксен има мешани чувства пред финалето на Лигата на Европа.
Англиските клубови Тотенхем и Манчестер Јунајтед ќе се натпреваруваат за првиот европски трофеј во сезоната, а Данецот ги доживеа најдобрите моменти од својата кариера во лондонскиот тим, а сега е член на гигантите од „Олд Трафорд“.
-Ова е посебен натпревар за мене. Секогаш навивам за Тотенхем, но не во ова финале. Знам низ што сум поминал со овој клуб, беше одлично, но за жал никогаш не сме освоиле трофеј, изјави Ериксен за англиските медиуми.
Сега Тотенхем ќе биде пречката за него да ја освои Лигата на Европа со Јунајтед.
-Мораме да се фокусираме на нашата игра и да освоиме трофеј. А Тотенхем може да освои трофеј следната сезона, додаде на шега Данецот.
Кристијан Ериксен играше за лондонските „петли“ од 2013 до 2020 година, а е член на Манчестер Јунајтед од 2022 година. Меѓу овие два клуба, тој помина по една сезона во Интер и Брентфорд.
Оваа сезона, 33-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и запишувајќи пет асистенции.
Финалето на Лигата на Европа ќе се игра во Билбао со почеток во 21 часот. дс
Фото: Архива