• сабота, 23 ноември 2024

Ериксен првпат по срцевиот удар на тренинг на Интер

Ериксен првпат по срцевиот удар на тренинг на Интер
Милано, 4 август 2021 (МИА) - Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен денеска присуствваше на тренингот на италијанскиот шампион Интер првпат откако 29-годишниот фудбалер доживеа срцев удар за време на ЕУРО2020. Италијанскиот клуб на својот официјален сајт објави дека Ериксен се наоѓа во „одлична психофизичка форма“. Ериксен на 12 јуни доживеа срцев удар за време на натпреварот против Финска во рамки на групната фаза на Европското првенство и неколку денови подоцна лекарите во болница во Копенхаген му вградија кардиовертер дефибрилатор што помага во работата на неговото срце. На фудбалери со вграден таков апарат им е забранет настап во италијанската Серија А, а сè уште е неизвесно дали Ериксен воопшто ќе може да ја продолжи кариерата. - Тој сега се придржува кон програмата за рехабилитација што ја предложија данските лекари во Копенхаген. Медицинскиот тим на Интер ќе биде информиран во текот на целиот процес, соопшти италијанскиот шампион. ег/ми/

Остани поврзан