• сабота, 23 ноември 2024

Ереван го обвинува Баку за употреба на касетна муниција

Ереван го обвинува Баку за употреба на касетна муниција
Ереван, 2 октомври 2020 (МИА) - Претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Артсрун Хованисјан денеска го обвини Азербејџан за употреба на касетна муниција во Нагорно Карабах. Тој објави фотографии на Фејсбук, наведувајќи дека станува збор за траги од касетна муниција, пренесува РИА Новости. Претходно, Народниот правобранител во Нагорно Карабах, Артак Бегларијан изјави дека азербејџанската страна користи касетна муниција во борбени операции. Според него, користена е забранета муниција од израелско производство и ракета „Смерч“. Тој додаде дека многу повреди биле предизвикани од касетна муниција и дека, покрај тоа, останале и многу неексплодирани касетни бомби, што претставува долгорочна закана за цивилите. паг/    

Остани поврзан