• вторник, 19 ноември 2024

Ердоган ќе се сретне со делегациите на Украина и Русија пред преговорите

Ердоган ќе се сретне со делегациите на Украина и Русија пред преговорите
Анкара, 28 март 2022 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска информира дека накратко ќе се сретне со украинската и руската делегација пред нивните утрешни разговори. Во телевизиско обраќање по седница на турската Влада, Ердоган рече дека во одвоените телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, е забележлив напредок во позитивна насока, но не даде други детали. Руските и украинските преговарачи утре во Истанбул треба да започнат дводневни директни разговори. Турција се надева дека претстојните преговори меѓу делегациите на Русија и Украина ќе доведат до мир во Украина, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. - На иницијатива на турскиот претседател Ердоган, преговарачките делегации на Русија и Украина ќе се сретнат во Турција. Свесни сме за одговорностите кои произлегуваат од довербата што двете страни ја имаат во Турција. Се надеваме дека средбите ќе резултираат со траен прекин на огнот и мир, напиша Чавушоглу на Твитер. јт/

Остани поврзан