• среда, 25 декември 2024

Ердоган: Провокатори стојат зад студентските демонстрации  

Ердоган: Провокатори стојат зад студентските демонстрации  
Анкара, 5 февруари 2021 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ја обвини опозицијата и дел од унниверзитетските професори за предизвикување на студентските демонстрации и ги отфрли критиките на САД и Европска Унија за полициска репресија. - Случувањата на Босфорскиот универзитет не се поврзани со стуѕдентите. Опозициските партии и некои универзитетски професори стојјат зад тоа, посочи Ердоган. Протестите почнаа на почетокот на годината кога за ректор на Босфорскиот универзитет беше поставен човек близок до власта. Репресијата над демонстрантите се интензивира неделава, кога полицијата растури повеќе собири употребувајќи солзавец и гумени куршуми, а уапси стотици лица. Турското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека поради минатомесечните демонстрации уапсени се 528 лууше, од кои 498 се ослободени, од кои 108 се под судски надзор. Ердоган во средата ги нарече демонстрантите терористи и ги критикуваше ЛГБТ групите, за чии права се залагаат демонстрантите. Поради задушувањето на студентските демонстрации и критиките кон ЛГБТ популацијата загриженост изразија САД и ЕУ. Ердоган ги отфрли критиките и ги обвини САД и Франција дека не можат да најдат решенија за своите внатрешни проблеми. ми/

Остани поврзан