• петок, 05 декември 2025

Ердоган предлага директните разговори меѓу Русија и Украина да се одржат во Истанбул

Ердоган предлага директните разговори меѓу Русија и Украина да се одржат во Истанбул

Истанбул, 25 ноември 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на видеоконференција со лидерите на „Коалицијата на подготвените“ за мир меѓу Русија и Украина, објави прес-службата на турското претседателство.

„Претседателот Ердоган рече дека директни разговори може да се одржат во Истанбул и дека Турција е во контакт со Русија и Украина за ова прашање“, рече Бурханетин Дуран, директор на Дирекцијата за комуникации.

Ердоган бил придружуван од турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз и министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Турскиот лидер ги увери учесниците од 35-те земји дека Анкара ќе продолжи со дипломатските напори за олеснување на патот кон директни разговори што би можеле да доведат до траен и праведен мир што е можно поскоро.

На состанокот, Ердоган изрази мислење дека склучувањето договор за прекин на нападите, прво врз енергетската и пристанишната инфраструктура, би можело да доведе до поволни услови за последователно преговарање за сеопфатен мировен договор меѓу страните.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан