• сабота, 23 ноември 2024

Ердоган: Кипар се состои од две одделни држави

Ердоган: Кипар се состои од две одделни држави
Никозија, 15 ноември 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја посети самопрогласената Турска Република Северен Кипар, која е призната само од страна на Турција, на покана од лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, по повод 37-годишнината од нејзиното формирање. Ердоган за време на посетата истакна дека разговорите за поделениот остров треба да имаат за цел постигнување договор меѓу „две одделни држави“. - На Кипар има два народа и две одделни држави. Треба да се преговара за решение врз основа на две одделни држави, нагласи турскиот претседател. Никозија смета дека планираната посета на Ердоган претставува потег без преседан. - Присуството на турскиот претседател на прославата на 37-годишнината од прогласувањето на лажната држава, како и неговата посета на окупираниот град Фамагуста, е потег без преседан и целосно е спротивно на резолуциите 550 и 789 на Советот за безбедност на ОН, се наведува во соопштението. Исто така, се нагласува дека ваквите планови на Ердоган „ги поткопуваат напорите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш“, да свика неформален состанок на петте земји за решавање на проблемот и „не придонесуваат за создавање поволна, позитивна атмосфера за обновување на преговорите за решавање на кипарското прашање“. гт/

Остани поврзан