• понеделник, 16 декември 2024

Ердоган им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

Ердоган им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресoт во Турција

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес што се случи на почетокот на февруари во Кахраманмараш и Хатај.

Во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе турскиот највисок државен медал за пожртвуваност во име на државата го прими заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи.

На церемонијата на доделувањето на медалот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасијевски.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес

Ердоган, пред присутните во салата, се заблагодари и им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресите во Кахраманмараш и Хатај.

Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата. вј/сп/ 

Фото: Фејсбук Дирекција за заштита и спасување

 

Остани поврзан