• петок, 08 ноември 2024

Ердоган: Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци

Ердоган: Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци
Анкара, 20 јуни 2022 (МИА) - Грчките безбедносни сили прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат бегалци, тврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган се обрати преку видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграции, чиј домаќин е Големото национално собрание на Турција, заедно со Интерпарламентарната унија во Истанбул. - Речиси секојдневно сведочиме за драмата на бегалците, кои грчките безбедносни сили ги прогонуваат, ограбуваат, тепаат, па дури и убиваат, истакна Ердоган. Тој додаде дека „земјите како нас, што се соседи во кризни подрачја, имаат најголем товар кога се во прашање миграцијата и бегалците, а не развиени општества што само го креваат гласот“. Според Ердоган, оние кои прифатиле неколку стотици бегалци и ги користат како рекламен материјал, не преземаат никаква одговорност пред сè поголемата хуманитарна криза. бд/ми/
 

Остани поврзан