• понеделник, 23 декември 2024

„Ербас“ доби нарачка за 80 авиони од Сингапур

„Ербас“ доби нарачка за 80 авиони од Сингапур
Сингапур, 11 април 2022 (МИА) - Европскиот производител на авиони „Ербас“ денеска соопшти дека компанијата добила нарачка од 80 авиони „А-320“ од азиската фирма „БОЦ авијација“. Од нив, 20 се стандарден „A-320 нео“, 50 од подолгиот „A-321 нео“ и 10 од поновата верзија за долги релации „A-321-ХЛР“. Според БОЦ, авионите се планирани за испорака меѓу 2027. и 2029 година. Авионската компанија со седиште во Сингапур е дел од Банката на Кина.  си/сд/

Остани поврзан