• вторник, 24 декември 2024

ЕП најави детална анализа пред да даде согласност за трговскиот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија

ЕП најави детална анализа пред да даде согласност за трговскиот договор помеѓу ЕУ и Велика Британија
Брисел, 24 декември 2020 (МИА) - Европскиот парламент детално ќе го анализира договорот што денеска го постигнаа Европска Унија и Велика Британија, пред да одлучи дали ќе даде согласност во новата година, напиша претседателот на ЕП, Давид Сасоли на Твитер. - Го поздравувам договорот за идниот однос помеѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Ова сега може да претсатвува основа за ново партнерство, напиша Сасоли на Твитер. Тој нагласи дека природата на договорот постигнат во последен момент не дозволува правилен парламентарен надзор од страна на ЕП пред крајот на годината. Трговскиот договор е постигнат денеска, една недела пред истекот на транзицискиот период на Брегзит и по повеќе од четири години откако Велика Британија излезе од ЕУ. ми/

Остани поврзан