• среда, 25 декември 2024

ЕП за визната либерализација со Косово

ЕП за визната либерализација со Косово

Брисел, 18 април 2023 (МИА) – На денешната пленарна седница на Европскиот парламент ќе се гласа за договорот за визна либерализација за граѓаните Косово, со што ќе им овозможи да патуваат и да останат во ЕУ до 90 дена без виза, во кој било период од шест месеци со пасоши издадени од Приштина, се наведува на веб-страницата на ЕП.

По усвојувањето во ЕП, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на ЕУ. Укинување на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ предложи Европската комисија, врз основа на претходни оценки.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на 30 ноември 2022 година договорија преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз чија основа почнаа преговорите со ЕП, а визната либерализација беше одобрена во декември минатата година.

На 9 март, во прво читање, Советот на Европската унија го усвои ставот за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна до 1 јануари 2024 година следната годинами/

фото: МИА архива

Остани поврзан