• среда, 22 јануари 2025

ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија 

ЕП го одобри Договорот за Фронтекс меѓу ЕУ и Србија 

Брисел, 21 јануари 2025 (МИА) - Европскиот парламент денеска со 505 гласови „за“, 90 „против“ и 43 „воздржани“ го одобри Договорот меѓу Европската Унија и Србија за оперативните активности на Европската агенција за гранична и крајбрежна контрола (Фронтекс) во земјата. 

Согласно договорот, склучен лани во јуни, ЕУ и Србија ќе може да организираат заеднички операции во кои ќе бидат вклучени припадници на Фронтекс и српски граничари. 

Дополнително, со Договорот се овозможува распоредување на тимови за контрола на границите на Фронтекс во Србија, како и помош од Агенцијата за земјата во управувањето со миграциските текови, спречувањето на илегалната имиграција и борбата против прекуграничниот криминал. 

Согласно Договорот, припадниците на Фронтекс во Србија добиваат и извршни овластувања, како што се гранични проверки или регистрација на луѓето. 

За да стапи во сила Договорот треба уште да биде и формално одобрен од Советот на ЕУ. 

Овој Договор ја заминува претходната Спогодба меѓу ЕУ и Белград, кој дозволуваше само заеднички операции на Фронтекс и српските погранични сили долж границата на Србија со земјите членки на Унијата. 

ЕУ вакви договори за Фронтекс има и склучено со Северна Македонија, Албанија, Молдавија и Црна Гора. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан