• среда, 25 декември 2024

Епл го претстави новиот „Мек-бук-ер“, прв со свој процесор

Епл го претстави новиот „Мек-бук-ер“, прв со свој процесор
Лос Анџелес, 11 ноември 2020 (МИА) - Американската фирма Епл денеска го претстави својот нов лаптоп „Мек-бук-ер“ (MacBookAir) и неколку други компјутери со нови процесори развиени од самата компанија. Според познавачите, овој потег дополнително технолошки ќе ги поврзе компјутерите и „Ајфон“ мобилните телефони на Епл. Тоа пак, би требало да значи и поголема продажба на компјутерите „Епл“. Продажбата на компјутери „Епл“ носи десетици милијарди долари заработка годишно, но сепак, тоа е помалку во однос на „Ајфоните“. Навестени се и низа апликации што можат да работат и на компјутери и на телефони. Во меѓувреме, Епл забележа голем скок во продажбата на компјутери благодарение на пандемијата на коронавирусот, на рекордни девет милијарди долари во последното, трето тримесечје. Сите претходни компјутери на Епл имаа поддршка на „Интел“ процесори. Претставникот на Епл, Тим Кук рече дека компанијата ќе продолжи да соработува со Интел и „наредниве години“, без да појасни до кога точно. си/сд/

Остани поврзан