• вторник, 24 декември 2024

Епидемиолог: Состојбата со Кју треска во Црна Гора не е алармантна

Епидемиолог: Состојбата со Кју треска во Црна Гора не е алармантна

Подгорица, 19 септември 2024 (МИА) - Состојбата со денга треска во Црна Гора не е алармантна и оваа болест не го оптоварува црногорскиот здравствен систем, изјави денеска специјалистот епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Небојша Секулиќ, кој очекува уште еден случај на оваа болест да биде регистрирани во наредниот период.

-Најголем број заболени има во Никшиќ и Даниловград. Засега сме ограничени на тој простор, а луѓето кои се во близок контакт со добитокот се заразени, рече Секулиќ.

Секулиќ тврди дека поради Кју треската нема здравствена криза во Црна Гора.

-Болеста се шири преку бактерии кои можат да се најдат на предмети, на пример во волна, но и во производи, истакна Секулиќ, пренесе РТЦГ.

Според него, Кју треската не ја пренесуваат луѓето и нема страв да се пренесе од човек на човек. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан