• четврток, 26 декември 2024

Ентони Хопкинс ќе глуми во новиот филм на Флоријан Зелер-„Син“, продолжение на оскаровскиот „Татко“

Ентони Хопкинс ќе глуми во новиот филм на Флоријан Зелер-„Син“, продолжение на оскаровскиот „Татко“
Лос Анџелес, 13 октомври 2021 (МИА) - Сер Ентони Хопкинс ќе ја повтори својата улога во филмот „Син“ на Флоријан Зелер - продолжение на филмот „Татко“. За него, Хопкинс го доби вториот „Оскар“ за најдобра главна машка улога. - По нашата авантура во „Татко“ не можев да го направам продолжението без Ентони. Тој беше првиот што го прочита сценариото за „Син“, бидејќи една од улогите беше напишана специјално за него. Да ​​биде дел од нашиот тим во новата филмска историја беше чест, длабока радост и ни донесе многу емоции, рече Зелер. Во продолжението на драмата ќе глумаат и Хју Џекмен, Лора Дерн и Ванеса Кирби. Филмот ќе се снима во Њујорк, Франција и Лондон. „Син“ раскажува за Питер (Џекмен) и неговата нова партнерка Бет (Кирби), чиј живот со нивното новороденче доаѓа во хаос кога се појавува поранешната сопруга на Питер - Кејт (Дерн) со нивниот син тинејџер. Подробности за улогата на сер Ентони Хопкинс (83), сѐ уште не се познати.  си/сд/

Остани поврзан