• сабота, 23 ноември 2024

Енергоатом: Повторно е во функција снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје

Енергоатом: Повторно е во функција снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје
Москва, 9 октомври 2022 (МИА) - Надворешното напојување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, која е окупирана од Русија, денеска е повторно во функција, соопштија украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ и телото на ОН за нуклеарен надзор. Електраната го загуби последниот преостанат далновод поради гранатирање и мораше да користи резервни дизел генератори за свои потреби, како што е ладење на блоковите на реакторот. „По речиси два дена работа на пумпите за итно ладење на активните зони на реакторот со напојување од дизел генератор, оперативниот персонал го враќа нормалниот режим на напојување на електраната за сопствени потреби од енергетскиот систем на Украина“, објави Енергоатом на Телеграм. Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која има два набљудувачи во електраната, потврди дека напојувањето е повтроно во функција. зш/

Остани поврзан