Ендрју Тејт ослободен од домашен притвор
- Контроверзниот инфлуенсер и неговиот брат Тристан Тејт се во домашен притвор од март и беа обвинети во јуни. Браќата сега можат слободно да се движат низ Букурешт и околната близина каде што живеат и остануваат под судска контрола следните 60 дена.

Букурешт, 4 август 2023 (МИА) - Познатиот „инфлуенсер“ Ендрју Тејт е ослободен од домашен притвор во Романија во очекување на судењето под обвинение за силување и трговија со луѓе, изјави неговата гласноговорничка.
Контроверзната јавна личност и неговиот брат Тристан Тејт се во домашен притвор од март, а беа обвинети во јуни. Браќата сега можат слободно да се движат низ Букурешт и околината каде што живеат и остануваат под судска контрола следните 60 дена. Тие ќе мора да се пријават в полиција кога тоа ќе им биде наложено и мора да ги информираат надлежните за секоја промена на местото на престој, објави Би-би-си.
Исто така, ним им е забрането да контактираат со двајца, исто така, обвинети романски соработници, сведоци и жртви или нивните семејства. Прекршувањето на овие правила може да доведе до нивно враќање во домашен притвор. си/сд/
Фото: Фејсбук.