• среда, 27 ноември 2024

Емирот од Катар во официјална посета на Грција – двете земји ги зајакнуваат билатералните односи

Емирот од Катар во официјална посета на Грција – двете земји ги зајакнуваат билатералните односи

Атина, 29 мај 2024 (МИА) – Договор за воена соработка меѓу Министерствата за одбрана и Меморандумот за соработка за спроведување на политички консултации за прашања од заеднички интерес меѓу Министерствата за надворешни работи, потпишаа Грција и Катар по денешната средба на шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Емирот од Катар е во прва официјална посета на Атина, а освен со Мицотакис се сретна и со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и претседателот на Парламентот Константинос Тасулас.

На средбата со грчкиот премиер, како што информираа од кабинетот на Мицотакис, била потврдена заемната волја за зајакнување на односите меѓу двете земји, разговарале за соработката во повеќе области, со акцент на економијата, инвестициите, енергетиката и културата.

Мицотакис го претставил широкиот опсег на можности за инвестирање што ги нуди Грција поради геостратешката положба, поврзаноста со пазарите на Балканот, Југоисточна Европа, Источниот Медитеран и Црното Море.

Биле разменети мислења и за меѓународните и регионалните случувања, со акцент на ситуацијата во Газа, при што Мицотакис ја потенцирал и поздравил улогата на Катар во регионот. ср/сд/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан