• понеделник, 23 декември 2024

Ембиид: Уживам во свирежите

Ембиид: Уживам во свирежите

Лил, 4 август 2024 (МИА) - Американскиот центар Џоел Ембиид нема проблем да биде исвиркан од француските навивачи во Лил. Камерунецот со американски пасош, кој избра да игра за американската репрезентација наместо за француската, зборуваше за односот со француските приврзаници за време на Олимписките игри во Париз. Домашните навивачи рутински го исвиркуваа Ембиид секогаш кога тој ќе ја допре топката во групната фаза од натпреварувањето.

-Отсекогаш сум уживал во свирежите. Луѓето мислат дека тоа треба да биде негативна работа, но јас го гледам како чин на љубов и почит. Да не бев добар кошаркар, немаше да добијам ваков третман. Благословен сум и затоа се трудам да комуницирам со публиката. Сум видел полош третман, играв на понепријателски терени. Не е како да не сум видел вакво нешто досега, рече Ембиид.

Во вторник во 21:30 часот, Ембиид и САД се селат во „Акор арената“ во Париз на стартот на елиминациската фаза. Тимот на Стив Кер тогаш ќе се соочи со Бразил во четвртфиналниот судир. дс

Фото: Архива

Остани поврзан