• петок, 19 јули 2024

Ема Робертс се сврши

Ема Робертс се сврши

Лос Анџелес, 18 јyли 2024 (МИА) - Американската актерка Ема Робертс се сврши за глумецот Коди Џон, со кого е во врска веќе неколку години. Глумицата ја објави радосната вест на „Инстаграм“, покрај слика со новиот свршеник и сјајниот прстен во преден план.

„Поставувањето на 'ова овде' (прстенот, з.п.) пред мајка ми - кажува сѐ“, напиша ѕвездата на „Американска хорор-приказна“ во објавата, додавајќи срце на крајот.

Повеќе познати пријатели во коментар им ја честитаа свршувачката на Робертс и Џон.

Ема Робертс претходно беше во врска со глумецот Герет Хедланд со кого има и син, роден 2020 година.  си/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан