• четврток, 07 ноември 2024

Ел Нињо ја губи силата

Ел Нињо ја губи силата

6 март 2024

РТС - Белград

Главниот виновник за зимата без зима на Балканот и екстремните временски услови во различни делови на светот, Ел Нињо, постепено ја губи својата сила, се вели во извештајот на Светската метеоролошка организација. Сепак, овој природен феномен ќе продолжи да влијае на глобалната клима во наредните месеци.

Ел Нињо, кој се разви во јуни 2023 година, беше најсилен помеѓу ноември и јануари кога температурата на тропскиот дел од Тихиот Океан беше два степени над просекот. На својот врв, се рангираше меѓу петте најсилни од почетокот на водење на евиденција.

„Секој месец, од јуни 2023 година, се поставува нов месечен температурен рекорд - а изминатата година беше убедливо најтоплата година досега. „Ел Нињо придонесе за тие рекордни температури, но стакленички гасови кои ја заробуваат топлината се очигледно главниот виновник“, вели генералниот секретар на СМО, Андреа Селесте Сауло.

Ел Нињо придонесе за зголемени врнежи од дожд кои предизвикаа поплави во Рогот на Африка и јужниот дел на САД и невообичаено суви и топли услови во Југоисточна Азија, Австралија и јужна Африка. Ја влоши сушата во северна Јужна Америка и придонесе за посуви и потопли услови во делови од јужна Африка.

„Тоа има големо влијание врз општествата и економиите. Точните сезонски прогнози им помогнаа на земјите однапред да се подготват да се обидат да ги ограничат штетите во секторите чувствителни на климата, како што се земјоделството, водните ресурси и здравството“, рече Селесте Сауло.

Ел Нињо обично го има своето најголемо влијание врз глобалната клима во втората година од својот развој - во овој случај 2024 година. Од март до мај се предвидуваат наднормални температури за речиси сите копнени области на светот, а отстапувањата во шемите на врнежи се исто така очекувани. ссм/

фото: 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан