• сабота, 06 декември 2025

Ел Ануни: Без поддршката од Кина, Русија не би можела да ја продолжи војната во Украина 

Ел Ануни: Без поддршката од Кина, Русија не би можела да ја продолжи војната во Украина 

Брисел, 27 февруари 2025 (МИА) – Кина е најголемиот снабдувач на Русија со стоки за двојна намена и без кинеската поддршка, Москва не би можела да ја продолжи својата војна против Украина, изјави портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ел Ануни. 

- Сериозно сме загрижени поради извештаите дека кинески компании и обезбедуваат компоненти за борбени беспилотни летала на Русија или дури и целосно склопени дронови, рече Ел Ануни. 

Според него, со снабдувањето на Русија со стоки за двојна намена и чувствителни предмети, Кина ја поддржува руската воена индустриска база. 

- ЕУ силно ги осуди третите земји кои продолжуваат да ја поддржуваат руската агресија и ги повикува веднаш да ја прекинат сета помош. Тоа не се однесува само на директната воена поддршка, туку и на снабдувањето со стоки со двојна намена и чувствителни производи со кои се одржува руската индустриска база, додаде Ел Ануни. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан