• вторник, 24 декември 2024

Елитна населба се гради во Сарај – вили со базени, хотел, ресторани, спа-центри

Елитна населба се гради во Сарај – вили со базени, хотел, ресторани, спа-центри
Скопје, 22 јули 2021 (МИА) - Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. Реализацијата на оваа елитна населба наречена комплекс „Планет“ на инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани, почна во ноември лани, со изградба на пристапен пат. Вредноста е 28 милиони евра. Во населбата се планирани шест различни типови куќи, според потребите на купувачите, ќе има дополнително 400 паркинг места, а во близина најавуваат парк од 5.000 метри квадратни кој ќе служи на сите граѓани, а во склоп на комплексот планирана е изградба на хотел и фитнес и спа-центар. Во населбата се нуди високо ниво на безбедност од специјализирани служби како и следење 24 часа, преку сигурносните камери, вез нарушување на вашата приватност. Се нудат и додатни здравствени услуги, најсофистицирани во регионот, кои ќе бидат на услуга 24/7. Здравствената услуга вклучува: стоматологија, интерна медицина, општа медицина. Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго. На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети. Премиерот Зоран Заев истакна дека исклучитекно значајно е тоа што градбата на целиот станбен-деловен комплекс зафаќа само околу 20 проценти од вкупната површина, а остатокот од 80 проценти припаѓа на зеленилото и природата. - Креаторите на комплексот Планет се прилагодиле на природата и на еколошката функционалност на теренот и во средината на комплексот е централниот парк кој всушност го претставува веќе постоечката шума на границите на локацијата занеговата изградба. Вредоста на оваа инвестиција од 28 милиони евра е сериозно раздвижување и придонес и за нашата вкупна економија и затоа проектот ги заслужува сите пофалби и охрабрувања. Ова дополнително потврдува дека Северна Македонија е добро место за инвестиции. токму овој проект Планет е потврда за тоа што ние најмогу го посакуваме, а тоа е да си ги вратиме нашите луѓе дома, да бидат дома, да инвестираат дома, да го фонесат знаењето стекнато во светот и да го реализираат токму тука, на најубавото место на планетата - република Северна Македонија, рече Заев.

Спикерот на Собранието Талат Џафери истакна дека овој проект да биде поттик и за другите бизнисмени што живеат надвор од државата и порача тие да се вратат не како печалбари, туку засекогаш да се вратат во нашата земја.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети рече дека подобра земја од нашата не видел и посочи дека се се постигнува со работа.

- Да создаваме можности, сме создавале услови бизнисмените да се вратат во нашата земја кои придонесуваат со отворањето на нови работни места. Во наши раце и можности оваа земја да ја промениме, оваа земја да ја направиме поубава и подобра од тие што ни ја оставиле во наследство, бидејќи живееме во време со многу напредување како во образование така и во науката за да им го направиме оваа земја среќна за живеење на новите генерации и тие да не си ја гледаат својата иднина во Запад, Америка, и Австралија, бидејќи сонцето подобро грее во својата земја, рече Ахмети.

- Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите - кажа на промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. фф/ац/

Остани поврзан