Елена Ласкони: Денеска беше погазена романската демократија
- Кандидатката за претседател на Романија од „Алијансата за спас на Романија“ (USR), Елена Ласкони, остро го осуди денешното поништување на првиот круг од претседателските избори од страна на Уставниот суд.

Букурешт, 6 декември 2024 (МИА) - Кандидатката за претседател на Романија од „Алијансата за спас на Романија“ (USR), Елена Ласкони, остро го осуди денешното поништување на првиот круг од претседателските избори од страна на Уставниот суд.
- Остро осудувам тоа што се случи. Тие го уништија она за што се боревме 35 години. Одлуката е незаконска и го понижува самото гласање, суштината на демократијата, рече Ласкони.
Таа додаде дека Романија мора да продолжи со изборниот процес и да го почитува гласот на деветте милиони Романци, без разлика на исходот.
- Знам дека ќе победам и ќе се борам за обединување на Романците, изјави таа. ссм/
фото: архива