• четврток, 26 декември 2024

ЕК ја одобри вакцината против Ковид-19 на Новавакс

ЕК ја одобри вакцината против Ковид-19 на Новавакс
Брисел, 4 август 2021 (МИА) - Европска Комисија одобри договор со американската компанија Новавакс за 200 милиони дози вакцини, која веќе е успешно тестирана против варијанти на коронавирус, објаи на Твитер претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Тоа е седми договор за ЕУ ​​одобрен од ЕК. За разлика од претходните, тој доби согласност од Брисел во време кога нема проблем со снабдувањето со вакцини Документот предвидува купување на 100 милиони дози со можност за уште 100 милиони дози до 2023 година, откако Европската агенција за лекови ќе го одобри производот. ми/

Остани поврзан