• четврток, 26 декември 2024

ЕК предложи имени во правилата за безбедност на детските играчки

ЕК предложи имени во правилата за безбедност на детските играчки

Брисел, 31 јули 2023 (МИА) – Европската комисијата предложи Регулатива за безбедност на играчките со која се ревидираат сегашните правила за заштита на децата од потенцијални ризици предизвикани од детските играчките. 

Како што соопшти Еврокомисијата, иако играчките што се продаваат на територијата на ЕУ и сега се меѓу најбезбедните во светот, целта на овие измени е дополнително да се заштити безбедноста на децата особено од штетните хемикалии, како и при нивна набавка преку интернет.

Според ЕК, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, со изменетите правила ќе се овозможат рамноправни услови за продажба на играчките произведени во членките на ЕУ и оние увезени од трети земји, а во исто време ќе се гарантира слободно движење на играчките во рамките на единствениот европски пазар.

Играчките кои „пејат и зборуваат гласно“ предизвикуваат оштетување на слухот. Одредени популарни играчки можат да предизвикаат штета и во рок од 15 минути по нивна употреба.

Со измените, досегашната забрана за продажба на играчки што содржат канцерогени или супстанци што можат да предизвикаат мутации или да наштетат на репродуктивниот систем, се проширува и со забрана на играчки што содржат хемикалии кои може да влијаат на ендокриниот или на респираторниот систем или пак може да му наштетат на кој било човечки орган.

Дополнително, сите играчки кои ќе се продаваат во ЕУ, од сега ќе мора да имаат и Пасош за дигитален прозвод (ДПП), кој ќе содржи информации за усогласоност со Директивта за безбедност на играчките. Покрај играчките што можат да се купат во продавници во границите на ЕУ, ваков ДПП ќе мора да имаат и играчките што се прдаваат преку интернет.

За таа цел при влез на надворешните граници на ЕУ, посебен ИТ систем ќе проверува дали играчките имаат ДПП и дали се во согласност со правилата на Унијата и ќе ги идентификува оние пратки за кои ќе биде потребна детална царинска контрола.

Производителот на играчки со тоа сака да ја подигне свеста кај децата за влијанието на автомобилите врз животната средина.

Дополнително, доколку има небезбедни играчки кои претставуваат ризици што не се јасно предвидени со Директивата, со предложените измени на Комисијата и се дава овластување да бара тие играчки да бидат повлечени од пазарот на ЕУ.

Директивата која ги утврдува безбедносните барања што мора да ги исполнуваат играчките што се пласираат на пазарот на ЕУ, во однос на физичките, механичките, хемиските и електричните својства, запаливоста, хигиената и радиоактивноста, е донесена во 2009 година. Според неа, кога една играчка е во согласност со пропишаните барања и правила, производителот мора да стави ознака „ЦE“, со што потврдува дека ги исполнува стандардите потребни за продажба во ЕУ.

Но, по евалуација на Директивата, Комисијата идентификувала „голем број слабости во практичната примена“, па затоа сега предлага Регулатива за нејзини измени, особено во однос на онлајн продажбата. Дополнително, измените се усогласуваат и со Стратегијата на ЕУ за одржливост на хемикалиите, која предвидува зајакнување на заштитата на потрошувачите и ранливите групи од штетни хемикалии. сп/

Фото; МИА Архива

 

Остани поврзан