• сабота, 22 март 2025

ЕК предлага зајакната улога на Фронтекс во враќањето на илегалните мигранти 

ЕК предлага зајакната улога на Фронтекс во враќањето на илегалните мигранти 

Брисел, 22 март 2025 (МИА) – Во писмо упатено до лидерите на земјите членки на ЕУ посветено на плановите за миграциската политика на Унијата за периодот 2025-2027 година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен предлага зајакнување на улога на Европската агенција за гранична и крајбрежна контрола (Фронтекс) во постапката за враќање на илегалните мигранти од блокот. 

Во писмото упатено до лидерите во пресрет на нивниот Самит во четвртокот, на кој една од темите беше и миграцијата, Фон дер Лејен најавува дополнителни три милијарди евра за спроведување на Пактот на ЕУ за миграција и азил од 2025 до 2027 година. 

Писмото доаѓа по минатонеделниот предлог на Европската комисија за измена на Директивата на ЕУ за враќање, со кои се предвидува поедноставувањето и забрзувањето на процедурите за депортација на мигрантите чии барања за азил и легален престој во ЕУ ќе бидат одбиени.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, документот што Фон дер Лајен го испрати до европските лидери содржи и патоказ со датуми за реформирање на Фронтекс, како и за забрзување на спроведувањето на Пактот за миграција и азил, кој треба да стапи во сила кон средината на 2026 година. Во него се предвидува во 2026 година да биде извршено „преиспитување на мандатот на Фронтекс“, со цел Агенцијата да добие овластување за организирање операции за враќање илегалните мигранти во соработка со трети земји, како и проширување на нејзината улога во спречувањето на илегалната миграција. 

Фронтекс очекува на границата меѓу Турција и Грција да дојде до влошување на ситуацијата заради „масовниот прилив на мигранти“, се наведува во интерниот извештај на Европската агенција за заш

Како дел од својата поширока стратегија за реформи на Фронтекс, Комисијата уште минатата година најави планови за тројно зголемување на постојаниот персонал на Агенцијата на 10.000 службеници до 2027 година. Во тие рамки, во јануари годинава Комисијата за буџет на Европскиот парламент го одобри Планот на ЕК за издвојување на 250 милиони евра за новото седиште на Фронтекс во Варшава. 

Фронтекс е основан во 2004 година, како одговор на зголемените предизвици во контролата на надворешните граници на ЕУ. Буџетот на Агенцијата постојано се зголемуваше во изминативе години, па така од 143 милиони евра во 2015 година, лани достигна на 922 милиони евра. 

Европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер неодамна најави дека клучен елемент на новата миграциска стратегија на ЕУ ќе биде создавање на листа на „безбедни земји на потекло“ на Унијата, која се очекува Европската комисијата да ја објави во текот на наредните недели, најверојатно најдоцна до 16 април, и која дополнително ќе биде ревидира со текот на времето. 

Станува збор за листа на земји, за кои ЕУ ќе смета дека се безбедни за во нив да бидат вратени лицата кои илегално престојуваат во некоја од земјите членки на ЕУ.  

Со новата Регулатива за процедурите за азил, Комисијата има обврска да ја изработи листата најдоцна до 12 јуни, но уште на почетокот на годинава таа побара од членките на ЕУ да и ги достават своите предлози за „безбедни земји“ до март, наместо до јуни. 

Франција денеска е осудена од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за недоволна помош на барателите на азил. Според судот од Стразбур, бегалците биле „жртви на понижувачко постапување, што

Концептот за изработка на листа на „безбедни земји“ не е нов, бидејќи тој првпат беше предложен од поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер за време на миграциската криза во 2015 година, но тој тогаш беше отфрлен од некои земји членки со оценка дека станува збор за контроверзен предлог.  

Се предвидува концептот на „безбедни земји на потекло“ да овозможи барателите на азил да бидат префрлани во држава каде што можат да добијат заштита, наместо да престојуваат во земјата во која аплицирале за азилантски статус. 

Дополнително, земјите членки на ЕУ имаа обврска до декември минатата година до Европската комисија да ги достават своите планови за имплементација на мерките за миграциската политика, од што зависи и изработката на единствен план на ниво на Унијата. Извори во ЕУ посочуваат дека многу земји членки „доцна“ ги доставиле своите планови, а најмалку две, меѓу кои и Полска која е најголем противник на некои одредби од Планот за миграција и азил, се уште не го сториле тоа и дека Фон дер Лајен побарала да ја завршат ова постапка „што е можно поскоро“. 

Инаку, во писмото на Фон дер Лејен до лидерите се наведува и дека дел од дополнителните три милијарди евра за имплементација на Пактот за миграција и азил, ќе бидат наменети за земјите членки во кои престојуваат бегалци од Украина, кои имаат статус на „лица под привремена заштита“. 

Овој статус беше активиран на 4 март 2022 година на период од една година, по што беше продолжуван и сега важи до 4 март 2026 година. Комисијата сега разгледува опции за мерки по истекот на важноста на статусот на „лица под привремена заштита“, кои меѓу другото вклучуваат и можност за продолжување на престојот на оние кои се вработиле или студираат во земја на ЕУ, како и доделување финансиска поддршка за Украинците кои ќе решат да се вратат во својата земја по завршување на конфликтот. сп/ 

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан