• вторник, 24 декември 2024

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Брисел, 21 јули 2022 (МИА) - Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и еврозоната значително се влошија во јули, спуштајќи се на рекордно ниско ниво, објави Европската комисија.

Индексот што ги мери очекувањата на потрошувачите во ЕУ во јули падна за три поени во однос на претходниот месец, и падна на минус 27,3 поени, што е најниско ниво од собирањето на податоците, се наведува во извештајот на Комисијата.

Во еврозоната индексот падна за 3,2 поени, на минус 27 поени.

И двата показатели паднаа под нивото од почетокот на корона кризата, кога владите воведоа строги мерки за сузбивање на ширењето на Ковид 19, објави Европската комисија.

Тие се и значително под долгорочниот просек кој е минус 11 поени во еврозоната, а минус 10,6 поени во ЕУ. Истражувањето е спроведено од 1. до 19 јули.

Во јуни годишната инфлација забрза во двете области, покажуваат најновите податоци на Евростат, достигнувајќи нови рекордни нивоа од 9,6 отсто во ЕУ и 8,6 отсто во еврозоната, поттикнати од скокот на цените на храната и енергијата, намалувајќи ја куповната моќ на граѓаните. паг/  

Остани поврзан