• среда, 27 ноември 2024

ЕК иницира консултации за изработка на Кодекс за употреба на вештачката интелигенција за општа намена 

ЕК иницира консултации за изработка на Кодекс за употреба на вештачката интелигенција за општа намена 

Брисел, 30 јули 2024 (МИА) - Европската комисија иницира консултации со творците на вештачката интелигенција, компаниите и претставниците на граѓанското општество, властите и академската задница за изработка на Кодекс за употреба на вештачката интелигенција за општа намена. 

Кодексот, чија изработка е предвидена со Законот за вештачка интелигенција, ќе се однесува на транспарентноста, правилата поврзани со авторските права, идентификацијата, проценката и намалувањето на ризиците и нивно менаџирање. 

Според Комисијата, информациите добиени при консултациите ќе бидат доставени до Канцеларијата за вештачка интелигенција, тело задолжено за надзор на спроведувањето на Законот, која ќе изработи образец и упатства кои ќе може да се користат за создавање на модел на вештачка интелигенција за општа намена. 

Иницирањето на консултациите доаѓа два дена пред стапувањето во сила на Законот за вештачка интелигенција, предвидено за 1 август 2024 година, и тие имаат за цел да поттикнат одговорна примена и развој на вештачката интелигенција во ЕУ. Комисијата очекува Кодексот да биде подготвен да април 2025 година, со цел неговите одредби да можат да почнат да се применуваат 12 месеци по стапувањето во сила на Законот за вештачка интелигенција. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан