• среда, 25 декември 2024

ЕК го блокира преземањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“

ЕК го блокира преземањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“

Брисел, 25 септември 2023 (МИА) – Европската комисија денеска донесе одлука да го блокира купувањето на „еТравели“ од страна на „Букинг“, од причина што со нивното спојување дополнително би се ја зајакнала доминантна позиција на „Букинг“ на пазарот на онлајн туристички агенции за хотелско сместување во ЕУ, соопшти денеска еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. 

- Спојувањето би довело до намален избор на хотели и повисоки трошоци за потрошувачите, додаде Рејндерс. 

Тој посочи дека дигитализацијата се повеќе навлегува во туристичкиот сектор, што го зголеми значењето и влијанието на онлајн туристичките агенции за хотелско сместување, кои обезбедуваат посредување помеѓу хотелите и потрошувачите, со што имаат влијание врз трошоците за хотелите и на крајот и на цената што ја плаќаат граѓаните. 

По повод прес конференцијата на евркомесарите за правда, Дидие Рејндерс и Вера Јурова, посветена меѓу другото на борбата против расизмот и заштитата на правата на жртвите на дискриминација, н

Според Рејндерс, иако онлајн туристички агенции вршат и други услуги, како резервација на летови, изнајмување автомобили и посета на туристички атракции, резервирањето хотелски соби е најголемиот и најпрофитабилен сегмент во овој сектор, со годишен приход од приближно 40 милијарди евра.  

- „Букинг“ денес е доминантен на пазарот на онлјан туристички агенции во Европската економска област со пазарен удел близу 70 отсто, кој постојано се зголемува во изминатите 10 години. Спојувањето би му овозможи на „Букинг“ дополнително да ја зајакне својата доминантна позиција, додаде Рејндерс. 

Според него, при сместувањето во хотелите значајна улога има и резревирањето на авионски летови, па со презмењето на „еТравели“, кој има значаен удел во овој сектор, „Букинг“ би станал уште подоминантен. 

- Комбинирањето на неколку туристички понуди во неговиот систем, ќе му овозможи на „Букинг“ да генерира значителен дополнителен сообраќај кон својата платформа, бидејќи летовите нудат најголема можност за поврзана продажба. Овие ефекти од трансакцијата би ја засилиле инерцијата на клиентите и постојните мрежни ефекти. Спојувањето би им отежнало на конкурентите да ја загрозат позицијата на „Букинг“ на пазарот во иднина, рече Рејндерс. 

Од третата, црвената зона, Северна Македонија од 8 јули 2021 година ќе биде преместена во втората категорија, односно на портокаловата листа земји за патување на Кипар и неопходен е негативен

Според него, истрагата на ЕК покажала и дека спојувањето ќе доведе до повисоки трошоци за хотелите и можеби и за потрошувачите, бидејќи зголеменета доминација ќе ја засили и преговарачката позиција на „Букинг“ со хотелите.  

- Дополнително спојувањето може да резултира и со повисоки цени за потрошувачите, бидејќи има некои индикации дека „Букинг“ е скап канал за услуги на онлајн туристичките агенции за хотелско сместување, додаде Рејндерс.  

Тој нагалси дека имајќи ги предвид ваквите согледувања и очекуваните значителни негативни ефекти од спојувањето и отсуството на соодветни правни лекови, Европската комисија одлучи да го блокира преземањето. 

- Нашата денешна одлука значи дека европските хотели и патници нема да бидат дополнително ограничени во опциите што им се достапни за сместување и резервирање на своите патувања. Тоа исто така значи дека овој важен дел од туристичката индустрија ќе остане конкурентен, зачувувајќи ја желбата за конкурентни цени и иновации, додаде Рејндерс. сп/ссм/

Фото: МИА Архива 

 

  

  

 


 
  
  

Остани поврзан